Велковски: Ова зголемување на пензиите не е доволно

фото: социјални мрежи

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски смета дека почакувањето на пензиите не е доволно и дека се бара модел за вистинско зголемување.

„Веднаш реагирав кога не беа излезени процентите, затоа што знаевме моделот на законот што значи. 2/3 од нашите пензионери земаат под 20.000 денари пензија, и тие ќе добијат зголемување од 750 денари. Пензионерите не се задоволни, кажуваат дека е порамнување со трошоците за живот, а не зголемување. Навистина бараме модел за вистински да ги зголемиме пензиите“, рече Велковски во интервју за ТВ 21.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот