Веља Невоља паднал поради сопругата, се чекирала на Фејсбук

Вељко Беливук, 2021 / Фото: Фејсбук

„Куќата на Дедо Мраз“ во Тршиќ кај Лозница, која истражителите ја пребаруваа со денови по апсењето на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ во февруари минатата година, требаше да биде тајно скривалиште.

Водачот на озлогласениот клан планирал неговата викендица кај Лозница да биде скривалиште, но од извор од полицијата ја дознал локацијата.

Беливук пред апсењето престојувал со сопругата Бојана и децата во куќа во селото Тршиќ, а храна, вода и се друго што им било потребно им донела брачна двојка од Лозница, осомничените Владо Георгиев и Слаѓана Секулиќ. Беливук и неговото семејство последната Нова година ја дочекале на слобода во таа куќа и таму сопругата се чекирала на Фејсбук, што бил прв сигнал за полицијата.

Куќата во Тршиќ, која е оддалечена и не е лесно достапна, Георгиев и неговата сопруга за кратко време целосно ја реновирале од под до плафон, ангажирале работници за поставување на најсовремен видео надзор, како и за набавка на мебел. Повремено, додека се подготвувала куќата, на гости доаѓале Беливук со сопругата Бојана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот