Велика Британија преминува во следната фаза на олеснување на мерките

epa09116715 A man passes a sign advertising the opening of a barbers on April 12 in London, Britain, 05 April 2021. Britain's Prime Minister Boris Johnson has announced that everyone in England is to be given access to two rapid coronavirus tests a week from Friday 09 April 2021. is also expected to to sign off the next stage of easing the lockdown from 12 April 2012. EPA-EFE/NEIL HALL

Велика Британија од 12 април ќе премине на следната фаза од својот план за ублажување на ограничувањата во борбата против коронавирусот, потврди премиерот Борис Џонсон.

Британскиот премиер на прес-конференција во Даунинг стрит истакна дека Велика Британија ги опфаќа „четирите теста” за укинување на ограничувањата.

За една недела ќе бидат отворени продавници, фитнес центри, зоолошки градини, пабови со тераси, кампови, фризерски салони и други објекти.

Четирите тестови на Островот вклучуваат значителен пад на нови случаи на коронавирусот; намалување на товарот на Националната здравствена служба; напредок во кампањата за имунизација и новите мутации на вирусот не ја менуваат сликата суштински.

Џонсон, исто така, изјави дека од следната недела две лица (што е зголемување за едно) ќе можат да ги посетуваат роднините во домовите за стари и изнемоштени лица.

Претходно, британската Влада објави дека од петок ќе обезбеди брзи тестови за коронавирус за сите граѓани во Англија. 

Видео на денот