Успешните средношколци од Велес/Фото: ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски

Велешки средношколци во топ 50 на државниот натпревар од Brainster

Гласањето за младинскиот проек Nex$tep Finance, зад кој стои тимот од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес, составен од Стефан Поповски, Ивана Милошева, Ангела Здравковска, Димитри Кочов, Лука Панов и Мариjа Михалова е отворено до вечерва на полноќ. Тие развиле интерактивна мобилна апликација и веб-платформа која го трансформира учењето за личните финансии во игра.

Гласањето се одвива преку платформата на Brainster и на линкот за натпреварот milioner.mk, каде што граѓаните можат да дадат поддршка за проектот Nex$tep Finance.

Членот на тимот Стефан Поповски, тие изработиле веб-страница со квизови и предизвици, буџет-симулатори, рангирања и натпревари, форум и бесплатни онлајн консултации со експерти.

-Нашата визија е практична и јасна – сакаме да изградиме генерација млади кои умеат да буџетираат, штедат, заработуваат и инвестираат уште пред да наполат 20 години, истакна Поповски.

Тимот работи на креирање содржини прилагодени на реалните потреби на младите од различни градови и региони. Во план се и дополнителни функционалности, како систем на поени, дигитални беџови и награди во вид на стажирања и обуки овозможени од партнерски компании.

Проектот Nex$tep Finance веќе се вброи меѓу топ 50 тимови на државниот натпревар организиран од Brainster, што претставува значајно признание за нивната иновативност и посветеност.

Тимот апелира до граѓаните да гласаат, бидејќи на тој начин ќе помогнат да се прошири платформата и да допрат до повеќе млади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот