Велешанката Пале е ослободена и пуштена од притвор

Илоска на судењето кажа дека не се чувствува виновна.

Велешкиот Основен суд денеска ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Илоска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаецот Александар Ристовски (40) од Велес. Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг.

На 29 септември минатата година, во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски, тој започнал кавга нарекувајки ја со погрдни зборови. Влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и клоци по главата и телото, силно ја фатил со раце за вратот и ја давел. Таа го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го прободела директно во срцето. Убодот бил смртоносен за насилникот.

Случајот на Илоска предизвика лавина реакции во јавноста откако се дозна дека таа неколку пати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во процесот Илоска докажа дека таа го убила со убод во нож, додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Илоска на вчерашното рочиште кажа дека не се чувствува виновна.

„Обвинетата Павлинка Иловска, се ослободува од обвинение“, рече судијката.

Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.

Претходно, во одбрана на Илоска застанаа невладини организации и Хелсиншкиот комитет.

Обратока на податоци: Слободен печат / Елисавета Бејкова

ИНФОГРАФИК | ОJO бара велешанката Пале да одговара за убиство, иако била тепана од убиениот маж со кој живеела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот