Денеска пресуда за велешанката Пале која во самоодбрана го уби насилниот партнер

pale iloska пале илоска
Пале Илкоска и невенчаниот сопруг, полицаецот Александар Ристовски

Денеска се очекува да биде донесена пресудата за велешанката Пале Илоска, која минатата година го уби својот невенчан сопруг, додека тој вршел насислтво врз неа.

Велешкиот суд ја суди за дело убиство на миг, иако јавноста постојано бара да се третира како убиство во самоодбрана.  Во текот на сведоштвата беше осознаено дека убиениот често се однесувал насилно и бил пријавуван, но полицијата никогаш не постапила по пријавите.

Убиениот беше полицаец во СВР Велес, во два наврати е условно осуден за две кривични дела во велешкиот Основен суд, еднаш оти прегазил шестмина тинејџери и еднаш оти ја давел сестрата на Пале.

Мајката на Александар како оштетена не побара кривичен прогон на обвинетата Павлинка, додека татко му Венко остави на судот тоа да го решава. Илоска му била трета невенчана сопруга, а Александар имал зад себе и еден брак со деца. Една од невенчаните сопруги сведочеше каква сè тортура доживувала додека била во заедница, а Александар го нарече алкохоличар и насилник.

ИНФОГРАФИК | ОJO бара велешанката Пале да одговара за убиство, иако била тепана од убиениот маж со кој живеела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот