Велешанката Моника Јовановска по денешното судење заврши во болница

Велешанката Моника Јовановска која што јавно сведочеше за својата голгота, дека била силувана и тепана од поранешното момче, после денешното судење била итно пренесена во велешката болница на нервното одделение затоа што здравствената состојба исклучително и се влошила, потврдуваат од болницата за Слободен печат.

Неофицијално, фактот што велешкото обвинителство ја отфрли кривичната пријава за силување на девојката, допринел нејзината психичка и здравствена состојба да биде исклучително тешка. Се обидела и да работи, меѓутоа не можела, постојано е на терапија и преживува тежок период во животот.

Новинарката која го обелодени случајот Менче Точи, на Фејсбук напиша дека според кажувања на мајката, Моника е во тежок шок, не препознава никого, а по одлуката на ОЈО Велес кое ја отфрли кривичната пријава против насилникот, младата девојка сега поминува низ пекол – силувана, тепана, давена, и дополнитено во психичка криза.

Таа шест месеци чекаше обвинителството воопшто да почне да се занимава со случајот.

Настанот се случил на 2 август, на автопатот Скопје-Велес, на враќање од кафуле во кое Моника била да разговара со поранешното момче и одбила да продолжи да биде во врска со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот