„Веќе нема да ме угнетуваш“: Поранешната девојка на Фифти-Сент тврди дека раперот сексуално и физички ја малтретирал

Фото: EPA/Profimedia

Поранешната девојка на Фифти-Сент, Дафне Џој, го обвини американскиот рапер за физички и сексуален напад.

Во својата последна објава на Инстаграм, 37-годишната актерка директно го именуваше 48-годишниот музичар, користејќи го неговото полно име – Куртис Џејмс Џексон.

„Ајде навистина да се фокусираме на твоите злобни постапки – силување и физичко малтретирање. Веќе нема да ме угнетуваш и Бог ќе се справува со тебе од сега, па натаму. Со твоите најнови постапки и лажни обвинувања против мене, ти засекогаш ја изгасна секоја надеж што ја имав за тебе како татко кој сака да го зачува семејството. Ти ги скрши нашите срца за последен пат и засекогаш“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Дафне Џој

Џој ги упати сериозните обвинувања откако Фифти-Сент одлучи да поднесе барање за самостално старателство над нивниот заеднички син Сајр.

Неговите претставници соопштија дека тој одлучил да го стори тоа откако Родни Џонс, познат како Лил Род, изјавил дека Џој се занимава со проституција, а нејзиниот шеф бил музичкиот магнат Шон Комбс, познат како Диди. Џонс го изнесе ова во неговите обвинувања за сексуална злоупотреба и водење организација за трговија со сексуални робинки против Диди.

Дафне Џој со синот / Фото: MICHAEL SIMON / INSTAR Images / Profimedia

Претставниците на Фифти-Сент својата реакција на обвинувањата на Џој ја објавија во магазинот „Пипл“ и, се разбира, жестоко негираат дека тој на било кој начин ја злоставувал својата поранешна партнерка.

„Вознемирувачките наводи, неодамна поднесени пред судот под заклетва во случајот со Дафне Џој, мајката на моето 12-годишно дете, ме поттикнаа да ги преземам сите неопходни правни чекори за да го заштитам мојот син Сајр. Совршено е јасно дека најновите, лажни и неосновани обвинувања на Дафне Џој се само реакција на мојата одлука да барам самостално старателство над мојот син. Мојот син е мојот приоритет, мојата единствена цел во овој момент е тој да живее во безбедна средина“, се вели во реакцијата на Фифти-Сент.

Фото: PRPH / Backgrid USA / Profimedia

Со објава на Инстаграм, Џој реагираше на неговото исмејување на социјалните мрежи, нарекувајќи ја „сексуална работничка“: „Тебе сѐ ти е шега додека твојата безбедност не е загрозена. А, сега е. Внесуваш вистински хаос, лудило и неред во животот на луѓето околу тебе. Како би се чувствувал ако Сајр беше еден од оние со лисици? И тоа – за џабе?“

Таа се осврна и на врската на раперот со нивниот син.

„Се преселивме во Њујорк за да можеш да му бидеш татко на својот син. Ти беше со него само 10 пати за две години додека живеевме близу тебе. Уморна сум од тоа да го чувам твојот лик и дело пред нашиот син. Никогаш не го заслужи тоа“, напиша таа.

Инаку, уште во 2013 година, Фифти-Сент беше обвинет за семејно насилство врз Џој и се изјасни за виновен. Тогаш, како што тврдеше Џој, тој ја удрил со тупаница во стомакот и при расправијата и го уништил имотот. Тој доби условна казна од три години и 30 дена општокорисна работа.

Шокантни детали од тужбата: Поранешната девојка на Фифти-Сент била сексуална работничка на Диди?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот