18 C
Скопје

Вечерва „Баклава“ го промовира новиот албум: Гости ќе бидат Дарко Рундек и „Суперхикс“

По неколку години создавање, конечно излегува четвртиот албум на групата „Баклава“. Јубилеен со своите четири страни, албумот содржи 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и претставува вртење на сосема нова страница во работата на познатата македонска група.

Концертната промоција на новиот албум на „Балкава“, едноставно насловен „IV“, ќе се случи вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ.

– Голема среќа и задоволство е да имаш огромен број музичари, мајстори, виртуози на своите инструменти и преубави личности. Овој албум нѐ сплотува во една голема фамилија. Секако, да споделуваш мисли и музика со Дарко Рундек и да станеш дел од посветеноста, ведрината и енергичноста на „Суперхикс“ е многу радосно. На концертот ќе бидеме девет музичари на сцена и во тој состав ќе ги претставиме песните од новиот албум. Беше голем предизвик да се соединат сите овие инструменти, ама сега звучи магично и многу возбудливо. Гости на концертот ќе ни бидат „Суперхикс“, па така ќе си побоиме заедно, рече Елена Христова, вокалистката на групата „Баклава“.

Поврзани вести

ФОТО | Кој би рекол дека има 55 години? Провокативните фотографии на Синди Крафорд го воодушевија светот!

Слободен печат

Кевин Гатри осуден на три години во затвор по сексуален напад врз негова колешка: Неговата ДНК е пронајдена на нејзината долна облека

Слободен печат

Тој го откри Бред Пит: Почина Божидар Николиќ, режисерот на култниот филм „Балкански шпион“

Слободен печат

Затворска казна бидејќи намерно кашлал кон поранешната сопруга и ја заразил со коронавирус

Слободен печат

Рок класа 2021: Тина Тарнер, Џеј Зи, „Крафтверк“, „Фу Фајтерс“ се неколкумина од новите членови на „Куќата на славните“

Слободен печат

Астролозите тврдат: Ако сакате љубов за цел живот со овие три жени ќе ви биде најтешко, речиси невозможно…

Слободен печат

Остави Коментар