Важен совет на стручњаците кој секој од нас треба да го послуша: Што прво мора да направите по влегувањето дома?

Фото: EPA-EFE/FILIPPO VENEZIA

Докторите и виролозите ги предупредуваат Британците веднаш да ги собујат чевлите кога ќе се вратат дома, што е само еден од советите за превенција од коронавирусот.

Докторот Џабид Абделмоним и вирусологот Лиза Крос дале неколку совети за кои сметаат дека се од витално значење во сузбивањето на коронавирусот.

Сите совети се главно насочени на миењето на рацете за да се убие вирусот, но честичките на коронавирусот и понатаму можат да се инфилтрираат во куќата преку други работи.

Новиот совет што го кажале гостите во емисијата „Колку вашата куќа е чиста“ на Канал 4 е дека првенствено би требало да одбереме еден пар чевли кои ќе ги носиме во текот на пандемијата, како и чевлите веднаш по доаѓањето дома да ги собуеме.

„Кога ќе дојдете од надвор, чевлите веднаш соблечете ги. Повеќето чевли имаат непорозен гумен ѓон на кој вирусот може да преживее меѓу три и пет дена. Чувајте ги чевлите во ходникот на исто место и обидете се да користите само еден пар чевли во текот на пандемијата“, истакнува докторот Џавид.

Докторите исто така наведуваат и дека коронавирусот на облеката може да живее дури 24 часа.

„Ако сте биле во близок контакт со луѓе, веднаш преслечете се и ставете ја облеката да се пере.
Предлагаат перење на облеката на минимум 60 степени, која е доволна да се осигури уништувањето на бактериите и евентуалните остатоци од вирусите.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот