Ватикан отвора гробници поради мистериозен случај: „ПОГЛЕДНИ КАДЕ ПОКАЖУВА АНГЕЛОТ“

Profimedia

Ватикан најави дека ќе отвори две гробници поради случај стар 36 години.

Емануела Орланди имала 15 години кога исчезнала во 1983 година додека одела на час по флејта во центарот на Рим.

Profimedia

И покрај тоа што полицијата сметала дека се работи за класично киднапирање, случајот довел до бројни шпекулации за улогата на католичката црква во него и прикривање злосторство од страна на Ватикан.

Меѓутоа, 35 години по исчезнувањето на Емануела, анонимна дојава стигнала на насловните страници и повторно го разбудила интересирањето на јавноста.

Непотпишаното писмо ја содржело само реченицата: Погледни каде покажува ангелот, покрај фотографија на мермерна статуа на ангел над гробницата во тевтонските гробишта во Ватикан, кое е резервирано за црквени великодостојници од германско и австриско потекло.

Семејството на Емануела започнало петиција за Ватикан да ги отвори гробниците.

Портпаролот на Ватикан, Алесандро Џисоти, најавил дека ќе ја послуша молбата на семејството и ќе им помогне конечно да го тргнат велот на мистеријата.

Семејството Орландо, нивните адвокати и членови на Светата столица на 11 јули ќе се состанат за да сведочат на отворањето на гробниците.

Прелиминарната истрага покажала дека гробниците се отворани барем еднаш откога првпат биле запечатени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот