Ватикан го оспорува италијанскиот нацрт-закон за борба против хомофобијата: „Ја ограничува верската слобода“

 Ватикан испрати приговор до Италија во врска со нацрт-законот за борба против хомофобијата, велејќи дека сегашната форма на текстот на законот може да ги ограничи верските слободи на Католичката црква во Италија.

Приговорот, за кој прво известиод весникот „Кориере дела сера“, во вторникот, а го потврди и официјалниот претставник на Ватикан, министерот за надворешни работи на Ватикан го доставил до Амбасадата на Италија во Светата столица на 17 јуни.

Несогласувањата меѓу Ватикан и Италија се однесуваат околу таканаречениот „Закон на Зан“, законот го доби името по Алесандро Зан, предлагачот на законот од Демократската партија на Италија. Предлог-законот беше усвоен во Претставничкиот дом и во моментов за него се расправа во Сенатот.

Ватикан смета дека сегашната форма на законот не го почитува Латеранскиот пакт од 1929 година, со кој Ватикан се воспоставува како суверена држава и со кој се воспостави односи меѓу него и Италија.

– Ватикан, исто така, стравува дека сегашниот текст на нацрт-законот може да доведе до криминализација на Црквата во Италија заради нејзиното неприфаќање на истополовите бракови и посвојување деца од страна на хомосексуални парови“ – изјави извор од Ватикан.

Иако Ватикан честопати ги осудуваше дискриминацијата и насилството врз хомосексуалците, сепак изразува загриженост за секоја родова теорија што ќе ги замагли или отстрани разликите помеѓу мажите и жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот