Васко Панчовски по втор пат го извади Светиот крст од водите на река Брегалница

Да сме здрави и живи, им го честитам празникот на сите граѓани и им посакувам среќа и здравје, рече Панчовски.

Втора среќа за делчевецот Васко Панчовски кој денес од водите на река Брегалница го извади чесниот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
На христијанската традиција и претходеше црковна богослужба, осветување и лицитација на иконите за скокање по крстот во водите на река Брегалница беа пријавени 30 тина кандидати. Најсреќниот меѓу нив беше Васко Панчовски на кој од седмиот обид ова му е втор пат да го фати крстот.
-Ова е седми обид да го фатам крстот. Еве денес имав среќа пак да бидам најсреќниот. Да сме здрави и живи, им го честитам празникот на сите граѓани и им посакувам среќа и здравје, рече Панчовски.
Од страна на општина Делчево, Панчовски доби награда во вредност од 10 илјади денари додека компанијата „Зегин” му додели телевизор.
-Нека му е честито фаќањето на крстот на Васко. Му посакуваме долг живот и добро здравје, Воедно денешниот празник им го честитаме на сите православни христијани. Исто како и претходните години и оваа година како награда за среќниот фаќач на крстот од општината доделуваме парична награда во висина од 10 илјади денари, рече делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.
Света икона, Панчовски доби и од црквата „Успение на Пресвета Богородица во Делчево. Чинот на фрлањето на крстот во водите на река Брегалница го проследија околу 5.000 граѓани на Делчево и околинатa.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот