Василевска: Јавното обвинителство веднаш да побара мерка притвор за Драги Рашковски

Фото: Принтскрин

Професорката Иванка Василевска денеска во своето обраќање изјави дека Јавното обвинителство под контрола на Зоран Заев трет ден молчи во врска со сомнежите и доказите излезени во јавноста за седуммилионскиот криминал сторен од страна на Драги Рашковски при набавка на систем за летање.

– Информациите кои излегоа во медиумите укажуваат дека Рашковски доделува тендер на италијанската компанија „Леонардо“ за набавка на систем за управување со воздушниот простор во вредност од 7 милиони евра, иако важноста на тендерската документација е истечена, спротивно на заклучокот на владата, како и во спротивност со одредени законски решенија, за кои како што се вели во снимките требало да бидат сменети – вели Василевска.

Според неа, постојат сериозни индиции дека Рашковски сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 според кое му се заканува казна затвор од најмалку 5 години.

Таа бара Јавното обвинителство да се ослободи од притисокот на Зоран Заев и да поведе постапка за расчистување на овој случај во кој постојат сериозни индиции дека е оштетен Буџетот на Република Македонија.

– Со цел непречено одвивање на истрагата потребно е Јавното обвинителство веднаш и неодложно да побара определување на мерка притвор за Драги Рашковски и другите вмешани со цел непречено одвивање на истрагата. Јавното обвинителство треба да побара притвор затоа што постојат сериозни можности Рашковски од позицијата на генерален секретар на Владата да влијае врз текот на постапката, сведоците, вештаците, соучесниците и прикривачите. Имајќи во предвид дека се работи за државен функционер од висок ранг. кој има сериозен број на контакти во земјава и странство можно е и бегство на истиот – вели Василевска и додава дека дополнително Јавното обвинителство треба да побара мерка притвор затоа што постојат оправдани сомнежи дека Рашковски може да го продолжи кривичното дело и да стори ново дело, особено ако се земат во предвид обвинувањата на поранешниот директор на Клинички центар Скопје, Ваљон Беља кој тврди дека Рашковски бил вмешан и во местење тендери и земање провизии и од тендери во министерството за здравство – истакна Василевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот