Вашингтон се спреми за протестот против осудените за нападот во Капитол

Вашингтон / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Вашингтон денеска се спреми во пресрет на собирот на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ќе излезат на улиците за да ги поддржат демонстрантите кои упаднаа во Капитол на 6-ти јануари. 

Црната ограда, која беше поставена околу комплексот шест месеци по смртоносните настани во седиштето на Американската демократија, беше вратена на тоа место со камери за надзор пред собирот „Правда за Ј6“ (Правда за 6 јануари) што ќе се одржи денеска во 18 часот по локално време.  

Се очекуваат околу 700 демонстранти  

Службениците за внатрешна безбедност предупредија на можно насилство, се вели во разузнавачкиот извештај објавен од американските медиуми.  

Пред почетокот на митингот против Трамп ќе се одржи контра-собир, пренесува Франс прес.  

„Свесни сме за бројот на неодамнешните закани за насилство преку интернет поврзани со планираниот собир, вклучувајќи ги и дискусиите на еден ден пред протестите кои го поттикнуваат насилството“, се наведува во документот на Си-Ен-Ен од Министерството за внатрешна безбедност.  

Американските власти очекуваат околу 700 демонстранти. За време на конгресот нема да има членови на институцијата, од кои повеќето се на летни одмори и нема да се вратат до следната недела.

Организаторот „Лук ахед Америка“ планира слични настани низ САД во наредните недели, а организацијата вели дека нејзината цел е да ги поддржи луѓето на кои им се суди за „ненасилни прекршоци“.

Демонстрантите беа повикани да ги почитуваат безбедносните сили и да се воздржат од носење обележја поврзани со Трамп.

Трамп проговори

Илјадници поддржувачи на поранешниот претседател на Републиканската партија, многумина од нив поврзани со екстремната десница и расистички групи, упаднаа во Конгресот пред осум месеци, бидејќи институцијата ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, што Трамп ги оспори.

„Нашите срца и умови се со оние што се неправедно гонети за протестите на 6-ти јануари поврзани со наместените претседателски избори“, рече Трамп во четвртокот.

За настаните беше покренато обвинение против 600 лица, а десетици се изјаснија за виновни.

Повеќето од нив се соочуваат со помали, прекршочни казни, но на некои им се закануваат и подолги затворски казни, пишува Франс прес. 

Националната гарда ќе и помага на полицијата на протестот

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, одобри барање 100 војници на Националната гарда да се стават на располагање на полицијата, за да помогне во заштитата на Капитол доколку е потребно, пред планираниот собир за поддршка на обвинетите за учество во немирите на 6 јануари.

Портпаролот на Пентагон потврди дека ќе бидат ангажирани само војници од Вашингтон и оти ќе се користати откако ќе се искористат локалните, државните и федералните полициски единици.

– Војниците ќе бидат распоредени само на барање на полицијата со цел да помогнат во заштитата на зградите на американскиот Капитол и зградите на канцелариите на Конгресот на влезните места и да ги проверат ингеренциите на поединци кои бараат пристап до објектите, изјави портпарол на американската војска.

Полицијата во Вашингтон завчера соопшти дека побарала од Пентагон да обезбеди трупи на Националната гарда за да помогнат во заштитата на Капитол на 18 септември за време на закажаните протести, доколку е потребно.

Камала Харис повика за прекин на нападот врз Капитол Хил

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот