Вашингтон и Техеран повторно на маса, стартуваа нуклеарните разговори во Женева

Втората рунда индиректни нуклеарни разговори меѓу Иран и САД започна денес во амбасадата на Оман во Женева, објави иранското министерство за надворешни работи.

Разговорите ќе се фокусираат на нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите на САД, додека форматот на разговорите ќе го следи претходниот круг одржан на 6 февруари во Мускат, објави Press.tv.

Иранската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Абас Аракчи, заедно со заменици за политички, правни и економски прашања, како и технички и правни експерти.

Аракчи нагласи дека Иран нема да подлегне на закани и дека влегува во разговорите со цел да се постигне фер и избалансиран договор.

Еден ден пред почетокот на разговорите, Аракчи се сретна со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, за да разговараат за технички прашања и соработката на Техеран со агенцијата.

Тој, исто така, одржа состанок со својот омански колега, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди, кој посредува во разговорите.

Разговорите се одржуваат во услови на зголемени регионални тензии, вклучително и распоредувањето на американската војска во регионот.

Техеран предупреди дека ќе одговори на секој нов чин на воен притисок, како што се минатогодишните напади врз иранските нуклеарни постројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот