Вашингтон бара кинеските дипломати да ги информираат за состаноците во САД

фото Архива

Кинеските дипломати во иднина ќе треба однапред да го известат Стејт департментот за секакви средби со државни, локални и општински власти во САД, како и со претставници на образовни и истражувачки институции, соопшти висок претставник на Стејт департментот.

Тој рече дека тоа е мерка на реципроцитет на третманот што го имаат американските дипломати во Кина и не е поврзано со никаков друг аспект од билатералните односи кои се разнишани поради трговската војна меѓу двете земји.

– Оваа мерка е одговор на она што го прави кинеската Влада за да ја ограничи интеракцијата на наши дипломати со политички личности во Кина – рече дипломатот.

Тој информира дека американските дипломати во Кина не само што треба да ја известат Владата за нивните планирани состаноци со кинески граѓани и службеници, туку треба да добијат и дозвола.

– Она што се обидуваме да го постигнеме е реципрочна состојба, која се надевам ќе резултира во тоа што кинеската влада ќе им даде на американските дипломати поголем пристап до кинеските граѓани и службеници – додаде дипломатот.

Тој не наведе какви ќе бидат последиците за кинеските дипломати кои нема да ја почитуваат мерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот