Вардар во Скопје го прегази освојувачот на ЕХФ Европскиот куп!
Eкипата на Вардар вечерва го одигра првиот натпревар во групната фаза од европските натпреварувања и во него славеше сигурна победа против исландски Валур во рамките од Лигата на Европа.
Препорачано
Рамноправен противник гостинскиот тим беше само во почетните минути од средбата, а како што одминуваше времето вардарци го трасираа патот кон победата.
По првите 15 минути црвено-црните го најавија триумфот со водството од три гола разлика (9:16).
Во тој период одлични беа Вуко Борозан и Милан Лазаревски со по три погодоци. Во вториот дел од првото полувреме се разбуди и Марко Срдановиќ, па Вардар во 20. минута имаше веќе предност и од пет голови разлика (12:7).
Пред крајот на паузата избраниците на Недановски стигнаа и до највисоките седум голови разлика со кои заминаа на пауза (19:11).
Во второто полувреме Вардар констатно ја одржуваше предноста помеѓу шест и осум гола разлика, а на крајот славеше со конечни 33:27. Најефикасни кај Вардар беа Борозан и Срдановиќ со по шест погодоци, но мора да се истакне и одличниот настап на голманот Пинто кој собра 14 интервенции. Кај гостите Магнусон и Норбер беа стрелци на четири погодоци, а на голот дури 18 одбрани запиша голманот Густавсон, но тоа не му помогна многу на неговиот тим.


