Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар повторно преговара за Мато, „црвено-црните“ сепак може да заработат

Сагата околу Роџерс Мато и Вардар денеска добива ново продолжение, откако најновите информации најавуваат можен трансфер на напаѓачот во шкотскиот Хартс уште во текот на овој преоден рок.

Откако стана јасно дека американскиот Канзас се повлекол од трката за потписот на голгетерот од Уганда, од Шкотска пристигнуваат вести дека Хартс повторно ги активирал преговорите со Вардар за откуп на неговиот договор.

„Црвено-црните“ претходно потврдија дека одбиле понуда вредна 350.000 евра, но во меѓувреме Хартс објави дека постигнал договор со Мато да се пресели во Шкотска по истекот на соработката со Вардар на лето. Во таква ситуација, во таборот на Вардар не е исклучено да се размислува за продажба, со цел напаѓачот да не си замине без финансиска отштета.

 

Циркус каков што ретко се гледа: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот