Фото: РК Вардар

Вардар денеска го потпиша најголемиот спонзорски договор во клупската историја

Ракометниот гигант РК Вардар промовираше нов значаен партнер – Казинос Австрија Интернешнл, кој во наредниот период ќе има улога на еден од клучните поддржувачи на клубот.

Договорот е потпишан на една година, со јасни најави дека соработката може да прерасне во долгорочно партнерство. Воедно, првиот човек на клубот, Михајло Михајловски, откри дека Вардар за првпат добива и авто-спонзор, откако е договорена соработка со Делфино Рентакар.

„Денеска ми е убав ден. Пред половина час потпишавме еден договор за соработка. Ова не е договор од денеска за утре, туку соработка за која се надевам дека ќе трае и во иднина. Тие секогаш спонзорираат, почнувајќи од автомобилизам, па до кошаркарски и ракометни клубови. Но, видоа што е за нив предизвик да спонзорираат. Најголем предизвик е да се биде спонзор на Вардар. За тоа сум им многу благодарен. Ова ќе биде голем ветер во грб, за да се обидеме да се вратиме на патеките каде што припаѓаме. Немаме илузии дека веднаш можеме да ги повториме 2017 и 2019 година, но одиме чекор по чекор, да го постигнеме максимумот што можеме и да бидеме меѓу десетте најдобри во Европа.“, изјави Михајловски

На промоцијата се обрати и претставникот на компанијата, Аднан Шариќ, кој изрази задоволство од новото партнерство.

„Голема чест е да бидеме дел од семејството на Вардар. Ова е клуб со традиција и симболика, и веруваме дека заедно ќе придонесеме за негово враќање на старите патеки“, изјави Шариќ.

Пелистер го продолжи договорот со Митревски: Некои вредности вредат повеќе од секоја титула

РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на Стевче Алушовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот