Вангеловски за одлуката дека не смее да влезе во Врховен: Направени се многу крупни пропусти во постапката

Судијата Јово Вангеловски денеска го доби решението од Судскиот совет дека не може да влезе во зградата на Врховниот суд, каде беше претседател. Тој има право на жалба во рок од осум дена. Вангеловски во изјава за „Слободен печат“ вели дека ќе поднесе жалба и очекува позитивен епилог, бидјеќи забележува пропусти во одлуката.

– Јас треба да ја видам одлуката. Меѓутоа, очигледно е дека се направени многу крупни пропусти во постапката дека е применет погрешен материјален закон, а за деталите понатаму откако ќе прочитам ќе биде внесено во писмена форма – изјави Вангеловски за „Слободен печат“.

Откако ќе го разгледа целосно решението и ќе ја напише жалбата, Вангеловски ќе ја испрати до Судскиот совет, а оттаму целосниот предмет ќе биде пратен на одлука кај врховните судии.

Иако, пред шест дена Судскиот совет го разреши Вангеловски од судија и претседател на Врховниот суд, сепак оттаму сè уште не е подготвено ова решение. За „Слободен печат“ од Судскиот совет велат дека имаат рок од 15 дена.

На местото на Вангеловски дојде врховниот судија Фаик Арслани како в.д. претседател на највисокиот суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот