Ванеса се истетовира во чест на сопругот Коби и ќерката Џиана

Ванеса Брајант, сопругата на трагично загинатата НБА ѕвезда Коби Брајант одлучи да се истетовира во негова чест.

Пет месеци по трагичната несреќа и падот на хеликоптерот во кој беа Коби, нивната ќерка Џиана и уште седум патници, Ванеса Брајант направи две тетоважи.

– Сакав зборовите на мојот бу-бу Коби, постојано да ги имам на себе – порача Ванеса.
Таа на вратот ја истетовирала пораката од Коби Брајант, но не открива која, додека тетоважата на зглобот на раката и ја посвети на ќерката Џиана.

Коби и Ванеса Брајант/ EPA-EFE/LARRY W. SMITH

На 26. јануари годинава во пад на хеликоптер во близина на Лос Анџелес загинаа сите девет патници, меѓу кои беа Коби и Џиана.

Тие заедно со останатите патници оделе на детски кошаркарски турнир во поради лошите временски услови и густата магла, хеликоптерот удрил во брдо. Истрагата покажа дека фирмата која била сопственикот на срушениот хеликоптер немала дозвола за летање по лоши временски услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот