Ваков сè уште не сте пробале: Како да направите кремаст домашен чоколаден сладолед

Фото: Pexels/Rawan Jo

Малку труд за да уживате во овој десерт. Со само четири едноставни состојки, ќе добиете сладолед што ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 500 мл млеко
  • 5 жолчки
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр чоколадо (60-70 отсто какао)

Подготовка:

Метален сад ставете 2 часа во замрзнувач. Ставете го млекото да зоврие, а жолчките и шеќерот добро изматете ги. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од оган, па додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи. Потоа додадете ги изматените жолчки и вратете на шпорет на тивок оган уште 2,5 минути. Мешајте. Бидете внимателни затоа што не смее да зоврие. Оставете да се излади 5 минути, а потоа извадете го садот од замрзнувачот и истурете го топлиот сладолед во ладниот сад. Промешајте. Вратете во замрзнувачот уште 40-50 минути. Извадете, промешајте, па вратете во замрзнувач 40-50 минути. Потоа сипете во садот во којшто ќе го чувате сладоледот и ставете го преку ноќ да се замрзне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот