Вакцинација во Романија: За 24 часа се откажаа 33.000 луѓе од доза на „АстраЗенека“

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Околу 33.000 Романци се откажаа од доза на анти-ковид вакцината „АстраЗенека“ во само еден ден, јавија романски медиуми. Според весникот „Журнал“, тоа се должи на стравот од несакани ефекти од вакцината која е тема на огромни полемики.

Координаторот за вакцинација во Романија, Валериу Георгита изјави дека во изминатите 24 часа се откажани 33.000 вакцинации со „АстраЗенека“ од вкупно закажаните 448.896.

– Во моментот во центрите за вакцинација каде се аплицира „АстраЗенека“, имаме голем број на луѓе кои се откажаа од вакцинација со таа вакцина. Бројот на закажани вакцинации со „АстраЗенека“ е 446.896, изјави тој.

Властите во државата продолжуваат со вакцинација на „АстраЗенека“ се додека не добијат мислење од Европската агенција за лекови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот