Пендаровски: Оптимист сум, очекувам да ги добијам гласовите на противкандидатите од првиот круг

Стево Пендаровски на гласање / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат Стево Пендаровски денеска гласаше го оствари своето право на гласво МЗ Автокоманда во општина Гази Баба.

Прашан дали е оптимист по резултатите од првиот изборен круг, Пендаровски рече дека секогаш бил оптимист.

– Јас секогаш бев оптимист по резултатите од првиот круг затоа што знаев дека кандидатите кои отпаднаа, тоа беа околу 330 илјади гласови, се повеќе и поблиски до мојот политички кокнцепт кој го застапувам од концептот на противкандидатката, појасни Пендаровски.

Стево Пендаровски на гласање / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Во изјава за медиумите Пендаровски изјави дека цензусот од 40 проценти ќе биде постигнат.

– Тоа мислам е уставна и законска обврска. Моја проценка е дека ќе има 40 проценти и тоа не би требало да биде проблем. Ако им се дозволува на сите гласачи слободно да ја искажат својата избирачка волја. Ако се прави вака како што слушам дека се прави во некои делови од земјата, тогаш освен што не е демократски, тогаш доаѓа во прашање дали ќе стигнеме до 40 проценти. Но, и ако има организирани опструирања на изборниот процес од овој тип, ако има велам, јас мислам дека сигурно ќе има 40 проценти на крајот на денот, изјави Пендаровски.

Стево Пендаровски на гласање / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Прашан дали очекува влошување на односите со соседите членки на ЕУ и со Бугарија, Пендаровски изјави дека не може да предвиди.

– Не можам да предвидам затоа што треба да видиме тие што ќе дојдат на власт, од денес, од утре натаму, новиот парламент, новата влада како ќе се постават кон тоа прашање. Меѓутоа вие можете многу добро да процените врз основа на ставовите коишто сме ги изнесувале во однос на македонско-бугарските реалции во изминативе три, четири, пет години и многу добро знаете дека на другата политичка страна од мојата се поригидни националистички ставови по тоа прашање, рече Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот