Вака сега во Рим се продава сладолед: Сè е поинаку како пред ковид-19! (ФОТО)

Profimedia

Италија се гордее со својата традиција на сладолед. Во нормални времиња, веднаш штом ќе затопли, луѓето се редат пред продавниците за сладолед.

Денес тоа повеќе личи како посета во болница.

Ова е иднината на продажба на сладолед. Римскиот сладоледџија користи долга пластична „клешта“, со која низ дупка во преградата од плексиглас зема топки.

Profimedia

Паоло Константини, наградуван производител на сладолед, носи заштитна кацига со пластичен визир, пластични ракавици и маска.

„Може да го заборавите тоа што беше пред ковид-19, моравме повторно да го измислиме нашиот бизнис“, вели Паоло.

Profimedia

Пред неговата слаткарница има машина со дезинфицирање на раце.

Profimedia

На купувачите пред влегувањето со термички скенер им се мери температура, а на подот има црни и жолти ленти, кои го означуваат растојанието што мора да се почитува.

Profimedia

„Се обидуваме да се заштитиме себеси, персоналот и клиентите колку што можеме”, вели Константини.

Profimedia

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот