Вагинален ХПВ откриен кај 40 отсто од трудниците во нова студија

Вагинален хуман папилома вирус (ХПВ) е откриен кај околу 40 отсто од трудниците, но перинаталниот пренос ретко се случува, покажуваат резултатите од новата студија, објавена во „ЈАМА педиатрикс“ (JAMA Pediatrics).
Пранамика Кајарголи, од Универзитетот во Монтреал, и колегите ја испитувале преваленцата на ХПВ кај бремени жени и нејзиниот ризик за пренос и перзистентност кај новороденчињата во проспективна група студија. Учесниците вклучиле 1.050 трудници на возраст од најмалку 18 години и 14 недели од бременоста или порано, регрутирани од три академски болници.
Истражувачите откриле дека преваленцата на ХПВ била 40,3 отсто кај групата бремени жени при регрутирањето.
Фактот дека ХПВ е откриен во 3,9 отсто од биопсиите извршени под мембраната на феталната страна на плацентата сугерира дека вистинската инфекција на плацентата е можна, иако ретко. Имено, иако ХПВ е откриен во плацентата, и понатаму е тешко да се разликува контаминација од вистинска инфекција.
Се верува дека овие резултати покажуваат дека ХПВ може, иако ретко, да се открие и кај новороденчиња.