УЖАСНА СМРТ НА МИЛИОНЕРКА ОД ТАЈЛАНД: Пронајдена мртва во ладилник со слој бетон врз нејзиното тело

Фото: Јутјуб/ ข่าวช่อง 8

Милионерката Ване Јирачароенијнг (58) од Тајланд е пронајдена мртва во својот стан, а нејзиното тело било забетонирано во нејзиниот ладнилник. Таа последен пат беше видена на 18 октомври, кога посети еден храм на северот од Тајланд, пренесе српски „Курир“.

Поради тоа што не му одговарала на пораките, загрижениот брат Ворафан (59) отпатувал во тоа подрачје за да ја бара. Меѓутоа, нејзиното тело е пронајдено во неделата во ладилник, а преку него било поставено еден слој на бетон.

Надлежните започнаа истрага за убиство и трагаат по нејзиниот пријател, познат само како Ом. Тој во меѓувреме е исчезнат. Освен тоа, од сметката на жртвата се одземени големи количини на пари, а се верува дека ѝ се украдени и автомобилот и кредитните картички.

Локалните медиуми веруваат дека Ом може да се даде информации за тоа што се случило со милионерката која донираше стотици илјади евра во хуманитарни цели.

Се проверуваат и граничните премини, бидејќи властите се сомневаат дека Ом побегнал од земјата.

– Од банката дознавме дека парите се подигнати по нејзината смрт. Кога семејството загуби контакт со неа, осомничениот подигнал пари од три банкомати. Досега се подигнати околу 35.000 евра – наведе полицијата.

Телото е пронајдено од полицијата откако соседите се пожалиле на ужасната смрдеа која доаѓала од нејзиниот стан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот