УЖАС во Хондурас, тројца загинати во тепачки на две навивачки групи

Вистински навивачки хорор се случи во главниот град на Хондурас, Тегусигалпа пред натпреварот на големите ривали Мотагва и Олимпија, а епилогот се тројца починати и десетина повредени навивачи на двете екипи.

Инцидентите започнале кога автобусот кој ги превезувал фудбалерите на Мотагва бил каменуван од навивачите на големиот ривал, Олимпија. Според управата на Мотагва, главен виновник за инцидентите се хулиганите на Олимпија, Ултра Фиел.

Откако дознале дека нивните миленици се во опасност, навивачите на Олимпија започначе крвави физички пресметки со навивачите на Мотагва, пред стадионот но и на трибините.

Поради крвавиот епилот од тројца загинати, организаторот одлучил да не се одигра натпреварот помеѓу Мотагва и Олимпија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот