Фото: илустрација / Tinnakorn Jorruang / Alamy / Profimedia

Ужас во Гостивар: 14-годишник ја силувал помалата сестра додека родителите не биле дома

Нов ужасен случај со силување на дете ја потресе јавноста. Овој пат се работи за 14-годишно дете кое ја силувало својата помала сестра, додека нивните родители не биле дома. Силувањето се случило двапати во февруари годинава, а момчето се товари за родосквернавење, соопштија од Основното јавно обвинителство Гостивар.

„Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористило отсуството на родителите и извршило обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи“, соопшти обвинителството.

Обвинителството бара притвор за момчето.

Во извештајот на Народниот правобранител за сексуална злоупотреба на деца, кој што беше презентиран денеска, беа прикажани алармантни бројки – над 600, најмногу под 15 години.

68-годишен скопјанец со години силувал дете и ги снимал гнасните чинови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот