Часовник
Часовник / Фото: МИА

Утрово се разбудивме еден час подоцна, започна летното сметање на времето

Утрово се разбудивме со летно сметање на времето. Стрелките во 2:00 часот наутро, се поместија за еден час нанапред.

Летното сметање на времето започнува во последната недела во март во два часот наутро, а завршува последната недела во октомври, кога започнува „зимското сметање на времето“. Одлуката за воведување на летното сметање на времето е во согласност со Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и во согласност со европски директиви.

Почнува летното сметање на времето

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Турција, Белорусија и Исланд. Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година.

Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот