Утре ќе нема струја во Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Студеничани

струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Студеничани, информираат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Браќа Чакреви” од бр. 1 до бр. 15, ул. „Христо Батанџиев” од бр. 56 до бр. 79 и корисниците од ул. „Депа Кајова” од бр. 1 до бр. 28,  Општина Ѓорче Петров.

Во перидот од 08:30 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „1″ бр. 11 во село Горно Соње, Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрилна енергија ќе останат корисниците од дел од селата Волково, Никиштани и Орман и фирмите „Асфалтна база Гранит”, „ГП Техника”, „ГП Ударник”, „Водостопанство Вардар”, ф-ка Карпош, „Асфалтна база Дарс”, „Речко” и „ГП Гранит Лепенец”, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците со броеви 81, 87 и 89 со споредните улички во село Волково, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицитге „Трнодол”, „Кнез Хацон”, „Кнез Трпимир” и „Поп Богомил”, Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците 7 и 9 и местото Коштан во село Горно Соње, Општина Сопиште.

Во периодот од 08:45 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од селата: Елово, Црн Врв, Малчиште, Осинчани, Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Маркова Сушица, Добри Дол, Ракотинци, Горно Соње, Долно Соње, Говрлево, Чифлик, Света Петка и објектите и фирмите: каменолом Техно Павер, каменлом Мис Вато, ХЦ Козјак, ловиште Јасен, ПЦЦ Хидро во село Патишка Река, каменолом Гама Градба, каменолом Беровиќ, Сковин и воениот објект во село Горно Соње, Општина Студеничани и Сопиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот