Утре ќе се изрекува пресуда за убиството на српскиот новинар Славко Ќурувија

Славко Чурувија
Славко Чурувија/ Фото: ЕПА

За утре во 14.30 часот е закажано изрекување нова првостепена пресуда за четворицата поранешни членови на Секторот за државна безбедност обвинети за убиството на новинарот и издавач Славко Ќурувија, соопшти фондацијата што го носи неговото име.

Првата пресуда од април 2019 година Апелациониот суд ја укина, јави Бета.

Од Фондацијата наведуваат дека станува збор за исклучително важен судски процес за убиството на Ќурувија, кое според сите докази изнесени во текот на седумгодишното судење, како и првостепената пресуда, го организирала и извршила државата, односно нејзината тајна служба.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот