Уставниот суд оформи пет предмети, еден од нив е за коридорите 8 и 10

Уставниот суд оформи предмет по иницијатива поднесена за член 10 став 4 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово-Гостивар-Букојчани) и проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан) и коридорот 10 (делница на автопатот Прилеп-Битола) .

Со оспорениот став од членот 10 се предвидува на Стратешкиот партнер да му се дозволи да почне истражување и експлоатација на минерални суровини уште со чинот на поднесување на барањето за концесија од страна на Инвеститорот. Поднсителот смета дека одредбата е во спротивност со сите применливи регулативи за минерални суровини. Подносителот приложува пресуди, вешт наод и мислење со кој утврдува дека должниците го немаат комплетирано барањето за концесија за експлоатација, дека минирањата се изведени без целосна документација и без записници за извршените минирања.

Според наводите во неговото барање, тој го известува Судот дека незаконски, без негово знаење и одобрување, му е преземен имот, и во текот на судските постапки било утврдено дека ја продал сопственоста поради влошената имотна состојба која настанала по семејни здравствени ситуации. Вакви иницијативи имало и порано, но не се отворени процедури. Законот чиј член се оспорува е дел од законите кои претходната власт ги стави под знамето на ЕУ со цел побрзо спроведување на работите на Коридорите 8 и 10-д.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот