Уставен суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на АРМ

Уставниот суд на Република Македонија донесе одлука да го укине Параграф 4, алинеја 1 од Правилото за сместување и ред во Армијата, донесено од началникот на Генералштабот на 16 јули 2012 година. Судот спровел постапка и анализа, при што утврдил дека оспореното Правило не е во согласност со темелните вредности на уставниот поредок, особено со основните слободи и права на човекот, како и со Законот за правна положба на црквата и верските заедници.

Станува збор за делот од документот на АРМ со кој се забрануваат верските обреди во воените објекти во земјава, кој беше на сила цели 12 години.

Укинатата алинеја од документот на АРМ / фото: Mil.mk
ge-1407287″ /> Укинатиот дел од документот на АРМ / фото: mil.mk[/caption]

Во својата одлука, Судот истакна дека началникот на Генералштабот пречекорил свои законски овластувања и се ставил во улога на законодавец, бидејќи условите за остварување на правото на слободно вршење на верски обреди во вооружените сили не можат да бидат уредени со подзаконски акт. Ова прашање, според Судот, претставува исклучиво законска материја и не може да се регулира со Правило.

Иницијативата за укинување на одредбата беше поднесена од Исамудин Османлиу, законски застапник на Здружението за развој „Млади за јавен интерес” од Дебар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот