Уште седум диви животни се позитивни на коронавирусот во Зоолошката градина Бронкс

Фото: Архива

По тигрицата Надја од Зоолошката градина Бронкс во Њујорк, уште седум диви животни се позитивни на новиот коронавирус, соопшти Друштвото за заштита на диви животни.

Од Друштвото за заштита на диви животни истакнаа дека три тигри и три африкански лавови покажале симптоми почетокот на април, кога Зоолошката градина објави дека малезиската тигрица Надја е позитивна на Ковид-19, додека еден тигар е позитивен, но нема никакви симптоми.

Сите животни имаат еден симптом, сува кашлица.

Од Зоолошката градина изјавија дека дивите мачки се заразени од вработена која била позитивна на вирусот, но не покажала никакви симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот