Уште едно признание за македонските ФИБА судии: Фаревски ќе суди во финалето, а Павлов натпреварот за третото место на БИБЛ турнирот

Фото: КФСМ

Македонија ќе има свои претставници и на двата најважни натпревари во Балканската лига. Оној кој ќе го даде новиот шампион во ова натпреваруавње, но и екипата која ќе го заземе третото место.

Алија Феревски ја доби честа заедно со своите колеги Диамантис Лордос (Грција) и Сава Цветковиќ од Црна Гора да го суди големото финале од „Финалните четири“ во Стара Загора кое се игра вечерва од 19.30 часот, а во кое ќе се сретнат израелскиот Хапоел Бер Шева и косовскиот Пеќ.

Од 17. часот (по локално, бугарско време) пак ќе се игра т.н. „мало финале“, во кое играат Берое и Милениум, а кое ќе го арбитрира вториот наш судија со знакот на ФИБА, Александер Павлов, заедно со Јоанис Аграфиотис (Грција) и Стефан Кубуровиќ (Црна Гора).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот