Уште една тешка сообраќајна несреќа: Се преврте автомобил на автопатот Скопје-Тетово, петмина се повредени

Фото: Макфакс / принтскрин

Петмина луѓе се повредени, од кои двајца потешко, во сообраќајна несреќа која вечерва се случи на автопатот Скопје-Тетово кај селото Групчин, објави „Макфакс“.

Автомобил „Рено“ излетал од патот и се превртел, а засега нема информации за второ возило кое учествувало во несреќата.

„Станува збор за патничко моторно возило „Рено 19” со скопски регистарски таблички, кое го управувала 20-годишната З.М.од скопското село Моране. Повредите се констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид врши екипа од СВР Тетово“, велат од МВР за „Макфакс“.

На терен и натаму има полициски службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот