Урсула фон дер Лајен се обраќа пред ЕП во годишен говор за предизвиците

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го одржи својот годишен говор пред Европскиот парламент во Стразбур за состојбата на Унијата.

Фон дер Лајен ќе нагласи што ќе направи Комисијата за решавање на најсериозните предизвици со кои се соочува Унијата – борба против Ковид-19, закрепнување од пандемијата, мерки против климатските промени, вклучително и зелена и дигитална транзиција, безбедност и миграција.

Уште на крајот на јули, претседателката на комисијата објави дека целта на 70 проценти од возрасната популација на Унијата да биде имунизирана против коронавирусот до крајот на летото е постигната, но предупреди дека предизвиците остануваат со новите мутации. Загриженоста останува по настаните во Авганистан, бидејќи Европа стравува од нов бран мигранти. Секоја година во септември, претседателот на ЕК држи говор пред Европскиот парламент, кој ги бележи достигнувањата во изминатата година и ги претставува приоритетите за следната.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот