Упаднал во продавница и убил три лица на Флорида, а потоа се самоубил

Полициско возило / Фото: Слободен печат, архива

Двајца мажи и една жена се убиени вчера во Џексонвил, Флорида, во пукање што полицијата го третира како злосторство од омраза.Пукањето се случило во продавница на Dollar General. Белец вооружен со пушка и пиштол убил тројца црнци пред да се самоубие.

„Ги мразеше црнците“, рекол шерифот Т.К. Вотерс на прес-конференција.

Тој не го именуваше напаѓачот, но рече дека пред нападот објавил неколку прогласи против црното население. Полицијата верува дека тој дејствувал сам.

Соединетите Американски Држави имаат повеќе лично огнено оружје отколку жителите поради законот што им дава право на тоа и екстремно лесното стекнување. Последица на таквата политика е многу висока стапка на смртност од огнено оружје во САД во споредба со другите развиени земји.

Во петокот вечерта две жени беа ранети со куршуми во Чикаго додека гледаа натпревар на Вајт Сокс од северноамериканската бејзбол лига.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот