Уметник од Сплит ѝ рекол на девојка да се соблече за да ја наслика, па ја силувал

Полицијата во Сплит приведе возрасен уметник под сомнение дека сексуално нападнал и силувал 19-годишна девојка. Тој е осомничен дека несоодветно ја допирал девојката, која ја подучувал во цртање, од 2023 година, пишува Далматински портал.

Тешкото кривично дело силување наводно се случило на почетокот на оваа година. Според информации од полицијата, уметникот ја наговорил девојката да се соблече за да ја наслика, а потоа ја силувал.

Осомничениот му е предаден на надзорник за притвор заедно со кривичната пријава, а ќе биде испрашуван од државното обвинителство. Се очекува надлежното обвинителство да побара притвор, за што конечната одлука ќе ја донесе истражниот судија.

Македонка е уапсена во Хрватска, се бараат уште двајца измамници ѝ однеле 40.000 евра на 87-годишна жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот