Украинското МНР ја осуди посетата на Путин на Крим и отворањето на железничкиот мост

Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK

Украинското Министерство за надворешни работи изрази протест до Русија заради, како што наведува во соопштението, недоговорената посета на рускиот претседател Владимир Путин на Крим и отворањето за сообраќај на железничкиот дел од таканаречениот „Кримски мост”.

Украина смета дека Путин ја посетил привремено окупираната Автономна Република Крим и за сообраќај отворил мост низ Керчанскиот Теснец, кој, се додава во соопштението, руската страна го изградила без согласноста на Украина, грубо кршејќи го меѓународото право, вклучувајќи ја и Конвенцијата на ОН за поморско право.

Украина наведува дека посетата на руски официјални претставници на Крим, изградба на мост, како и која било друга акција, ни на кој начин не можат да го сменат статусот на Автономната Република Крим и градот Севатопољ, како составен дел на територијата на Украина, во нејзините меѓународно признати граници.

„Ни Украина, како што ни една цивилизирана земја на светот, не ги признава обидите на Кремљ за легитимација на анексијата на дел од суверената територија на Украина” се наведува во соопштението.

Путин вчера го пушти во употреба железничкиот мост меѓу Русија и Крим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот