Украинскиот министер Кулеба од скривница порача дека Украина ќе победи, веднаш по средбата со Дендијас

foto - epa

Русија може да лансира колку проектили и да сака, може во Украина да испраќа војска што ја мобилизира од затворите, но ние ќе победиме, порача министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, по средбата со неговиот грчки колега Никос Дендијас за време на прес конференцијата во Киев, која поради сирените се одржа во скривница.

Кулеба објасни дека тет-а-тет средбата и разговорите со Дендијас ги започнале во неговиот кабинет во Министерството за надворешни работи на Украина, меѓутоа поради сирените биле принудени да се симнат во подрум и истакна дека продолжувањето на разговорите и прес конференцијата во скривницата е еден вид порака и има симболично значење.

Шефот на украинската дипломатија му се заблагодари на Дендијас, како за хуманитарната, така и на воена помош, велејќи дека оклопните возила од Грција, денеска пристигнуваат во Украина „за да може земјата да го брани нејзиниот интегритет”, а на средбата, го покренал и прашањето за системите за противракетната одбрана на земјата.

Дендијас рече дека неговата посета има и симболика, за да ја изрази солидарноста на грчката Влада и грчкото општество за Украина и украинскиот народ, истакнувајќи дека Грција ги осудува нападите „кои претставуваат воени злосторства”.

Тој рече дека за Грција, „почитувањето на меѓународното право, на територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји е „светото Евангелие” на надворешната политика”.

-Никој не може да ве разбере подобро од Грците. Затоа што и Грците имаат голем сосед на исток. Сосед кој издаде закана од војна, „casus belli”, против нас. Сосед кој повикува на демилитаризација на нашата територија, додека собира големи сили веднаш спроти нашите граници. Сосед кој незаконски тврди дека дел од нашата територија е нивна. Сосед кој постојано кажува дека може да дојдат ненадејно ноќе. Сосед кој вели дека доколку не се поклониме пред неговите желби, ќе ја имаме судбината на Украина, рече Дендијас и порача дека победата на Украина ќе значи победа на меѓународното право против бруталната сила.

Двајцата министри на денешната средба потпишаа Меморандум за разбирање во областа на дипломатската обука.

Пред средбата во украинското МНР, Кулеба и Дендијас го посетија споменикот на паднатите борци, каде што шефот на грчката дипломатија положи свежо цвеќе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот