Снимки од дрон покажуваат колку е разурнат Мариупол /Фото: Твитер, скриншот

Украински министер: Мариупол повеќе не постои

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека градот Мариупол „повеќе не постои” откако беше под опсада на руските сили цели седум недели.

Тој во интервју за Си-Би-Ес рече дека руските војници „одлучиле да го срамнат градот со земја по секоја цена”.

– Ситуацијата во Мариупол е и страшна, во воена смисла, и потресна. Градот повеќе не постои, рече Кулеба во интервју за емисијата „Соочи се со нацијата”. – Остатоци од украинската армија и голема група цивили се опколени од руските сили. Тие ја продолжуваат својата борба, но, според начинот на кој руската армија се однесува во Мариупол, изгледа тие решија да го срамнат градот со земја по секоја цена, истакна украинскиот министер.

Официјални лица проценуваат дека околу 21.000 се убиени од руските војници во Мариупол, а 120.000 луѓе се уште се во градот. Пред војната, населението на градот изнесуваше 450.000.

Југоисточниот пристанишен град е уништен од континуираните руски напади кои траат речиси два месеци.

Со оглед на тоа што Русија се чини дека се ближи до победата во Мариупол, украинските власти исто така се подготвуваат за засилени напади во источниот регион Донбас, каде што сепаратистите поддржани од Русија имаат контрола на одредена територија. Кулеба рече дека очекува и „очајни обиди на руските сили … да завршат со Мариупол по секоја цена”, а ракетните напади врз Киев и другите градови да продолжат.

ФОТО+ВИДЕО | Битка за челичарницата во Мариупол: Чеченците ја освоија помалата Илич, Азов се крие во најголемата Азовстал

Украина тврди: Русите ги „филтрираат“ сите мажи во Мариупол, се затвораат сите влезови и излези

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот