Украинската делегација пристигна, наскоро ќе почнат преговорите во Белорусија во обид да запре војната

принтскрин Твитер

Петтиот ден од агресијата врз Украина започна со вести за експлозиите во Киев и нападот на Чернihiv. Во исто време, денеска руската и украинската делегација треба да се сретнат во Белорусија и да преговараат за онончување на воениот конфликт

Преговорите меѓу Русија и Украина за границата почнуваат во 10 часот по средноевропско време.
Членовите на украинската делегација пристигнаа со хеликоптер на преговори со руската страна за евентуален прекин на огнот.

Русија е заинтересирана за постигнување договор кој е во интерес на двете страни во разговорите со Украина, изјави рускиот преговарач Владимир Медински

Во пресрет на денешните преговори претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека не е убеден дека ќе има напредок во преговорите во Белорусија, но оти ќе се обиде.

„Искрено ќе кажам, како и секогаш, дека не верувам во резултатот од оваа средба. Но, да се обидеме, ниту еден граѓанин на Украина да не се сомнева дека јас како претседател се обидов да ја прекинам војната кога воопшто имаше шанса“, рече тој.
Изјавата на Зеленски е особено важна ако се земе во рпедвид дека тој во моментов ужива подршка од 91 отсто од Украинците
та. Анкетирани се 2.000 луѓе од целата земја, од кои 91 отсто го поддржале Зеленски, шест отсто не го поддржуваат , а тројца биле неопределени, јави Би-би-си.

Белоруското Министерство за надворешни работи каде ќе се одвиваат разговорите за запирање на војната , соопшти дека се е подоготвено и се чекаат делегациите да седнат и да ги зпаочнат разговорите
Но причината зошто Зеленски првично одбиваше да преговара во Белорусија секако е вмешаноста на Минск и одбирањето јавно да ја подржи Русија во овој конфликт

Во меѓувреме, како шта јавуваат руските медиуми граѓаните на Белорусија на референдумот вчера гласале за промена на уставот, со кој се одобрува предлогот за откажување од ненуклеарниот статус
Овој потег, додава Гардијан, теоретски ќе и дозволи на Русија да распореди нуклеарно оружје на белоруска територија за прв пат по распадот на Советскиот Сојуз, а одлуката за референдумот ќе стапи на сила десет дена откако ќе биде објавена во Службениот весник, пренесува РИА Новости.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот