Украинска гранична служба: Руските сили упаднаа во регионот на Киев

„воздушната одбрана на украинските вооружени сили е потисната"/ Фото: МИА

Руските сили се пробија во северниот дел на регионот Киев, соопштија украинските погранични сили, извршувајќи напад со проектили „Град” врз владините позиции.

Западни медиуми во северниот дел на главниот град на Украина регистрирале хеликоптери кои летаат кон градот, по извештаите дека аеродромот е нападнат.

Патиштата надвор од Киев денеска се заглавени со сообраќај, бидејќи луѓето се обидуваат да го напуштат градот по руската инвазија.

Извештаите сугерираат дека руските тенкови напредуваат кон Киев од Белорусија, границата е на два часа возење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот