Рускиот генерал-мајор Азатбек Омурбеков / фото: Икс

Украинците се обиделе да го ликвидираат рускиот генерал одговорен за масакрот во Буча?

Експлозија што вчера одекнала и го потресе воениот гарнизон во рускиот регион Хабаровск, наводно, била насочена кон генерал-мајор Азатбек Омурбеков, командант поврзан со воените злосторства во Буча за време на почетната фаза од руската инвазија на Украина. Според „ИнформНапалм“, инцидентот се случил во населбата Књазе-Волконское-1, објави украинскиот „Јунајтед24 Медиа“.

Што точно се случило?

Имено како што пренесуваат медиумите експлозивна направа, детонирала во поштенско сандаче поставено во влезот на станбена зграда во воениот гарнизон во Хабаровск. Во експлозијата загинал потполковник Кузменко, командант на баталјон за обука за комуникации, додека неколку лица биле повредени. Засега нема официјални информации за состојбата на генерал-мајор Азатбек Омурбеков, кој наводно бил целта на нападот.

Според извори блиски до случајот, руските власти наводно се обидуваат да го прикријат инцидентот. Инаку како што објавуваат украински воени блогери, Омурбеков во 2022 година командувал со 64-та посебна моторизирана бригада и е поврзуван со настаните за време на привремената окупација на Буча во регионот на Киев.

„ИнформНапалм“ наведува дека тој бил идентификуван уште во април 2022 година, по што бил ставен под санкции од повеќе држави. Подоцна, рускиот претседател Владимир Путин му ја доделил титулата „херој на Русија“.

Овој случај е дел од низата напади врз високи руски воени функционери кои се случија изминатиот период, пренесуваат медиумите.

ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА | „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ ВО ИРПИН И БУЧА: Глетката е грозоморна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот