Украдени ракетни фрлачи од Еурокомпозит, има сомневања дека ги однел некој од самата фирма

При кражбата во фабриката Еурокомпозит во Прилеп, која во МВР беше пријавена завчера, се украдени и ракетни фрлачи, објави Телма.

Станува збор за четири боеви рачни ракетни фрлачи „ПОС 120мм“ без муниција, еден школски рачен ракетен фрлач од истиот тип „ПОС 120мм“, една школска „зоља“ и четири кабли во должина од 40 метри. Украденото оружје претходно се извезувало по нарачка во Србија.

Слични информации спомнаа и работниците на Еурокомпозит кои по кражбата даваа изјави за медиумите пред државната фабрика која повеќе од две години не работи. Тие велат дека украденото оружје се користи за уништување на оклопни возила.

„Ние се сомневаме дека раководството на фабриката ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани ниту знаат каде се се магацините ниту како да стигнат до нив. Се работи за зграда во која е влезено на први и на трети спрат, токму таму каде што е оружјето. Во фабриката сѐ уште има оружје и муниција, има репроматеријали, има огромни штети направено,“ изјави за Телма Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

Во оваа фабрика за потребите на армијата и полицијата, покрај оружје, се произведуваа и шлемови и заштитни елеци.

Пред кражбата никој не ја чувал фабриката која е празна и е во државна сопственост, но откако дел од арсеналот е изнесен, сега таму е поставена полициска заштита. Работниците на Еурокомпозит со години протестираа, барајќи исплата на заостанатите плати и придонеси.

0
ПОВРЗАНИ СОДЖИНИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот