Украдени пари од црквата Св. Јован Крстител во село Ѕвегор

Станува збор за пари кои овдешните жители ги собираат последните три години и се наменети за сликање на фрескоживописот.

Најмалку 2.000 евра се украдени од црковната каса, од црквата Св. Јован Крстител во делчевското село Ѕвегор. Станува збор за пари кои овдешните жители ги собираат последните три години и се наменети за сликање на фрескоживописот.

-Од поставувањето на иконостасот имавме собрано пари од многу наши пријатели ширум светот, како од Бугарија, така и од иселеници од Италија, Швајцарија и други земји, изјави Делчо Гошев, претседател на црковниот одбор.
Рано утринава, жителите наишле на страшна глетка, црковната врата била разбиена, а парите украдени.
-Јас не забележавна почетокот дека вратата од другата страна е разбиена, влегов во црквата и видов расфрлани пари наземи и веднаш се јавив на Делчо, рече Антица Јанкуловска која заедно со претседателот на црковниот одбор и попот има клуч од селото.
Во моментов, полицијата сеуште прибира податоци за откривање на идентитетот на крадецот или крадците, а ѕвегорци се во шок од кражбата.
-Првпат вакво грозно нешто ни се случува. Вакви вандали мислам дека најстрого треба да се санкционираат за да биде поука на другите да не помислуваат на вакви работи, истакна Ванчо Новоселски, член на црковниот одбор во село Ѕвегор.
Црквата Св. Јован Крстител е изградена од самите жители со донации главно од овдешните иселеници. Наскоро требаше да биде и фрескоживописана, за што требаат 7.000 евра. Инаку, ова е втора голема кражба од црква во Пијанечко-малешевскиот крај. Претходно, исто така голема сума на пари беше украдена од црква во Владимирово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот