Украдена златна тоалетна школка, вредна околу 5 милиони долари (ВИДЕО)

Осумнаесет каратна златна тоалетна школка била украдена во текот на ноќта од палатата Бленхајм каде е роден Винстон Черчил, јави Би-би-си.

Провалниците во раните утрински часови, околу 4:50 часот, провалиле во палатата и го украле ова уметничко дело, соопшти полицијата.

Златната тоалетна школка наречена „Америка“ не е пронајдена, но во врска со случајот е уапсен 66-годишен маж.

Школката е дел од изложбата на италијанскиот концептуален уметник Маурицио Кателано која била отворена во четвртокот.

Поради кражбата дошло до „значителна штета и поплава“ бидејќи школката била вградена во подот и цевките. Била целосно функционална и уметникот ги поканил посетителите да ја користат.

Уметникот ја проценува вредноста на „Америка“ на повеќе од 5 милиони долари, пренесе Си-ен-ен.

Палатата од која е украдена златната школка се наоѓа на списокот на светско наследство и е родно место на Винстон Черчил. Додека истрагата е во тек затворена е за посетители.

Во палатата Бленхајм, тоалетот бил инсталиран покрај собата во која е роден Черчил. Во каталогот на изложбата стои дека делото може да се види како коментар на социјалните политички и економски различности во Соединетите Американски Држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот